Последни вести

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ ОРГАНИЗИРАШЕ ПРИЕМ ЗА ПОВЕЌЕКРАТНИТЕ КРВОДАРИТЕЛИ ОД ОПШТИНА КОЧАНИ

Во пресрет на 17 Март – Денот на крводарителството во Македонија, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов организираше прием на претставници на Општинската организација на Црвен крст – Кочани и повеќекратни крводарители. – Ова е традиционална средба со кочанските крводарители на која разговараме за тековните состојби, предизвиците и плановите за работа во следниот период. На…

УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ – КОЧАНИ ЈА ДОБИЈА НАГРАДАТА ЗА ИДЕЈНОТО РЕШЕНИЕ „ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ЗАГАДЕН ВОЗДУХ“

Учениците од СОУ “Љупчо Сантов” – Koчани, под менторство на професор Ирена Димитрова Јорданова со нивното идејно решение за прочистување на загаден воздух беа прогласени за финалисти на UPSHIFT програмата и се стакнаa со награда од 120 000 денари. На кој начин функционира нивното револуционерно решение? На дното од прототипот имаат имплементирано вентилатор, кој го…

„ЕДНАКВИ ЗА СИТЕ“ ГО РЕАЛИЗИРАШЕ ПРОЕКТОТ „ПОДОБРО ОПШТЕСТВО ЗА СЛЕПИТЕ ЛИЦА ВО КОЧАНИ“

Во рамките на проектот: „Подобро општество за слепите лица во Кочани“ спроведуван во рамките на „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD)“, која е финансирана од Европската унија (ЕУ) а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), кофинансиран од Општина Кочани, Здружение Еднакви за сите Кочани престојниот викенд имаше активности. Здружение…

ВО „ПРОКАРКА“ СЕ ВАДЕЛЕ ВОДОМЕРИ ИЛИ СЕ ВРАЌАЛА СОСТОЈБАТА НАЗАД ЗА ДА НЕ СЕ ОТЧИТУВА ПОТРОШУВАЧКАТА

Екипите од Одделение за пласман, продажба и наплата денес спроведуваа акција за контрола за потрошувачка на вода во населбата “Прокарка”. При контролата се откриени повеќе приклучоци на водомери кои се манипулирани, односно состојбата е вратена назад или нелегално се отстранети водомерите за да не се отчитува потрошувачката. За констатираната состојба кај повеќе корисници е известен…

„АНГАЖИРАЈ СЕ“ – АКЦИЈА ЗА ЧИСТА И ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА

„Чистата и здрава околина е одговорност за секој од нас“ е пораката која се испраќа со акцијата за чистење на ѓубрето во кругот на Стара касарна под АСНОМ во Кочани. Организаторите ги повикуваат сите граѓани и локални организации да бидат дел од акцијата која ќе се случува во четврток, 14 март, во периодот од 09.00…

ПРЕС НА ОО СДСМ – КОЧАНИ

Почитувани, Со сета почит кон жената и празникот 8 Март, со цел од истиот да не практикуваме политика, сега го демантираме пресот на ДПНЕ одржан истиот ден. Цели 12 години ДПНЕ со своите лоши политики го загрози здравствениот систем на кој така поставен му треба време и голема посветеност да излезе од состојбата во која…

ПРОДОЛЖУВА ОЗЕЛЕНУВАЊЕТО НА ПОВРШИНИ ВО ОПШТИНА КОЧАНИ

Акцијата за засадување нови садници во Кочани продолжува. Деновиве се озеленија површини во централното градско подрачје, како и на влезот и на излезот во Кочани. Во текот на вчерашниот ден е оформена зелена ограда од источната страна на ОУ „Св. Кирил и Методиј“, засадени се земјените површини на повеќе кружни текови, а дополнети се и…

ПОЧНА РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ ВО КОЧАНИ

Започнаа активностите за рехабилитација на улицата „Борис Трајковски“, од спојот со „Кеј на Револуцијата“ до спојот со улицата „Раде Кратовче“, во должина од 785 м. Рехабилитацијата опфаќа гребење на асфалтот, санирање на дупките, решавање на одводнувањето со бетонски сливни решетки за атмосферска канализација и поставување нов асфалтен слој. Додека траат градежните активности, сообраќајот ќе се…

ПАНЕЛ – ДИСКУСИЈА „ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО КОЧАНИ“

Општина Кочани во соработка со Здружението „Еко Логик“ – Скопје денеска организираа панел-дискусија на темата: „Одржлив туризам за патување во Кочани“. Настанот го отвори градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој говореше за  природните потенцијали на Кочани и можностите за нивно ставање во функција на развој на туризмот, како и за потребата од подигање на свеста…

ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, „СЛОГА 1934“ ЈА НАМАЛИ ПРЕДНОСТА НА „ВАРДАРСКИ“

Со четирите одиграни натпревари стартуваше пролетниот дел од првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток. Се одигра 10-тото коло во кое се постигнати 20 погодоци или по 5 на секој натпревар. Екипата на „Слога 1934“ како и што се очекуваше доста фуриозно го започна пролетниот дел од првенството. Виничани во една фуриозна но преди се…