Последни вести

СРЦ „БАВЧАЛУК“ СО НОВ ИЗГЛЕД, ДА ГО СОЧУВАМЕ!

Во пресрет на пролетната сезона кога зачестуваат прошетките низ природата Локалната самоуправа реализираше дел од планираното, на СРЦ „Бавчалук“ му даде еден нов изглед. Старите клупи за седење се заменети со нови, поставени се нови корпи за отпадоци, на асфалтираните терени за спортување се поставени нови стативи а за играње кошарка старите табли се заменети…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ЗА „ОСОГОВО“ ПОБЕДАТА КАКО ИМПЕРАТИВ

По двете пролетни кола одиграни на гостински терен, конечно „Осогово“ во сабота во рамките на 18-тото коло од Втората Фудбалска Лига ќе го одигра првиот пролетен натпревар пред своите гледачи. Противник ќе им биде ни малку наивната екипа на „Кожуф“, но за „жетварите“ секој друг резултат освен победа ќе значи катастрофа.. Играчите на „Осогово“ и…

ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ НА СВР ШТИП ЗА ЗАШТИТА ОД ЏЕПНИ КРАЖБИ

Полициски службеници од ПСОН Кочани денеска (27.02.) на локации околу градскиот пазар во Кочани реализираа превентивна кампања – „Заштити се од џепни кражби“. Притоа, покрај тоа што на граѓаните им беа делени летоци со едукативна соодржина од областа на имотните деликти, од страна на полициските службеници им беа давани и корисни совети за заштита од…

ЦРВЕН КРСТ – КОЧАНИ, ФЕВРУАРСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип и доктор од Службата за трансфузиона медицина – Кочани денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна февруарска крводарителска акција наменета за граѓанството. На акцијата крв даруваа 46 крводарители од нив 3…

РЕКОНСТРУИРАНОТО ФУДБАЛСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ КОЧАНИ, ПУШТЕНО ВО УПОТРЕБА

Реконструираното фудбалско игралиште во дворот на ООУ „Никола Карев“ – Кочани, денес со мала свеченост беше пуштено во употреба. Честа да го пуштат во употреба игралиштето од кое најголемиот бенефит ќе го имаат учениците ја имаа Министерот за спорт на Република Македонија Борко Ристовски  и Директорот на ООУ „Никола Карев„ Александар Андов. По сечењето на…

ЗАВРШНИЦА НА ПРОЕКТОТ „ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЈАВНАТА ВРЕДНОСТ НА ТЕХНОЛОГИЈАТА“

Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 и Општина Кочани денеска организираа завршен настан во рамките на проектот „Истражување на јавната вредност на технологијата – случај на дигиталната платформа мЗаедница“. Во присуство на граѓани, младинци, претставници на јавната администрација и на Институтот за европски политики од Скопје беа презентирани резултатите од спроведениот проект, од унапредувањето на…

РЕАКЦИЈА НА ЖИТЕЛИТЕ ОД УЛИЦАТА „ИЛИНДЕНСКА“

Жители од горниот крак на улицата „Илинденска“ во Кочани испратија допис и фотографии преку кои реагираат на нееднаквиот однос на надлежните од Општина Кочани кон нивниот проблем кој еве се провлекува неколку години. Во реакцијата стои: „Ве молиме да го објавите нашиот допис и да ги приложите само еден дел од фотографиите кои ги поседуваме…

ТРОЈЦА СТАРЕШИНИ ОД ИО „ЛАСТОВИЦА“ УЧЕСТВУВАА НА „XI БРЏАНСЈИ СРЕДБИ“

Во периодот од 20.02-23.02.2025 година, во Мостар (Босна и Херцеговина)  се организираше средба под мотото  „XI Брџански средби“, на кој зедоа учество претставници од извидничките сојузи од Југоисточна Европа. Делегацијата од Сојузот на извидници на Македонија беше во состав од триесет старешини од неколку градови од Македонија меѓу кои и тројца старешини од ИО „Ластовица…

ИО „ЛАСТОВИЦА“ УЧЕСТВУВАШЕ НА ПРОСЛАВАТА НА „СВЕТСКИОТ ДЕН НА ИЗВИДНИЦИТЕ“

Во саботата ( 22.02.2025 година) ИО „Ластовица“ зеде учество на централната прослава за одбележување на „Светскиот ден на извидниците“, која оваа година се одржа во Св,Николе. На настанот нашиот одред го претставуваа група од 40 извидници, двајца водачи и двајца старешини. На самиот настан имаше повеќе од 500 деца и млади од повеќе од 10…

ЧЕТВОРИЦА БОРАЧИ НА „СПАРТАК“ НА НЕКОЛКУДНЕВНИ ПОДГОТОВКИ ВО СОФИЈА

Членовите на БК „Спартак“ од Кочани, Даријан Павлев, Јован Илиев, Филип Ангелов и Павел Темелков во придружба на тренерот Гоце Ангелов заминаа на неколкудневни подготовки во Софија (република Бугарија). Подготовките кои се од големо значење пред престојаните државни натпревари борачите на „Спартак“ ќе ги одработат заедно со борачите од „левски“ – Софија. Подготовките се со…