Последни вести

ТЕЖОК ДЕН ЗА ТППЕ КОЧАНИ, ИНТЕРВЕНЦИИ НА СИТЕ СТРАНИ

Тежок ден поминаа пожарникарите од територијалната Противпожарна Единица – Кочани. Интервенирано е на повеќе локации поточно секаде каде што биле повикани, а како поминале само тие си знаат. Првата дојава била во 01:33 часот а повикот бил за гаснење на пожар кој заземал се поголем замав во атарот на Оризари. Горела сува трева и лозје….

ПСК „ОСОГОВО“ ГО РЕАЛИЗИРА ПЕТРОВДЕНСКИОТ ПЛАНИНАРСКИ МАРШ

По повод Петровден, со поддршка од Општина Кочани, ПСК „Осогово“ од Кочани го изведе традиционалниот планинарски марш до врвот Китка (1903 м) на Осоговските Планини. Појдовната точка беше од манастирот „Еленец“, кај Македонска Каменица. Планинарите се движеа по обележана патека од средно лесна категорија и за шест часа поминаа вкупно 14 км во двата правца….

МЗШВ – СЕ ВОВЕДУВА ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМИТЕ

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор. Целосната забрана за…

БЕРЗА НА ВИНИЛИ, 24 ЧАСА УРБАН ЗДИВ ВО КОЧАНИ

Во центарот „Аква“ денеска, во рамките на општинската манифестација по повод Петровден, се одржува традиционалната Берза на винили, како дел од мултимедијалниот настан насловен „24 часа урбан здив“. Ова е четврта по ред Берза на винили, која, според организаторот Тошо Филиповски сѐ повеќе станува регионална. – Нашата тенденција е да доаѓаат што повеќе луѓе од…

АФРОДИТА САЛИХИ СЕ ПРОСТИ ОД РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ДРЕС

Афродита Салихи расниот стрелец и долгогодишен член на Фудбалската Репрезентација на Македонија во петокот ги одигра последните минути во дресот што и многу значи, но сепак со горчина во себе го анализираше нејзиниот настап последните дваесет години. Благодарам до сите тренери и селектори што беа со мене во изминатите дваесет години. Благодарам и до сите…

ПЕТРОВДЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР ЗА „АУТО ВЕЛТ“

Со одигрување на финалето и доделувањето на признанијата синоќа на заградените терени во дворот на ОУ „Кирил и Методиј“ беше спуштена завесата на 22. издание на Петровденскиот Фудбалски Турнир. Годинешен победник е екипата на „Ауто Велт“ која во финалето беше поуспешна од „Рели“ и славеше со 2:1. Самиот натпревар беше доста интересен и возбудлив а…

ПО ПОВОД ПЕТРОВДЕН МАРАТОНЕЦОТ ИЛИЕВ ГО ПРЕПЛИВА „ГРАТЧЕ“

Kавадарчанецот Бошко Илиев, доктор специјалист по спортска медицина, по четврти пат го преплива езерото Гратче. Со поддршка од СЗР „Кочански рибар“ Илиев пливаше грбно, краул и пеперутка, по сончево и исклучително топло време. Лекарот и продолжувач на традицијата на македонското маратонско пливање им порача  на граѓаните да ги користат условите со кои располага Кочани и…

ОПЕРАТА „ДИДОНА И ЕНЕЈ“ ПРИКАЖАНА ВО ПРЕКРАСНИОТ АМБИЕНТ НА СПОМЕНИКОТ НА СЛОБОДАТА

Синоќа, во средишниот сценски простор на Споменикот на слободата во Кочани, во организација на Општина Кочани, Студентскиот културен центар од Ниш ја изведе операта „Дидона и Енеј“. Музиката за камерната опера „Дидона и Енеј“ е на англискиот музичар и композитор од епохата на барокот Хенри Персел, а академскиот хор при СКЦ – Ниш и камерниот…

ПО ПОВОД ПЕТРОВДЕН, КОНЦЕРТ НА ДУХОВНА МУЗИКА

Синоќа, во дворот на црквата „Свети великомаченик Георгиј“, во организација на Општина Кочани се одржа концерт на духовна музика со една од најголемите дами на македонската песна Сузана Спасовска и црковниот клирос „Пелагонитиса“. Публиката имаше можност да ја проследи интерпретацијата на „Богородице, Дево“, „Света Дево Владичице“, „Свети Боже“, „Терирем“, „Тропар на Св. Петка Римјанка“, „Тропар…

ПЕТРОВДЕНСКА ЛИТИЈА ВО КОЧАНИ

По повод празникот на Кочани, Петровден синоќа во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ се одржа вечерна празнична богослужба на која чиноначалствува митрополитот Брегалнички г. Иларион. По службата беше организирана литија и  осветување и кршење на празничниот колач во Градскиот парк, каде свештениците и верниците упатија молитви за здравје и благосостојба. „На градоначалникот и на сите луѓе…