Последни вести

ПРИЈАВА ЗА БАРАЊЕ НА ГОЛЕМА КАМАТА ЗА ЗАЕМ ОД 8.000 ДЕНАРИ

На 06.02.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Кочани, 27 – годишник од Кочани пријавил дека лицето Е.Ј. од Кочани му барал голема камата за земен заем од 8.000 денари. Според пријавеното, во ноември 2024 година, искористувајќи ја неговата тешка состојба и нужда од парични средства за лекување на својата малолетна ќерка, лицето му дало…

НОВ МАНДАТ ОД ЧЕТИРИ ГОДИНИ ЗА СЕКРЕТАРОТ НА ОФС КОЧАНИ СТОЛЕ ТОШЕВ

Столе Тошев и во наредните четири години ќе ја извршува функцијата секретар на Општинскиот Фудбалски Сојуз – Кочани. По предлогот на Претседателот на ОФС – Кочани Александар Андов,  членовите на Управниот Одбор на ОФС – Кочани донесоа едногласна одлука Столе Тошев да добие нов четиригодишен мандат како секретар на ОФС – Кочани. Тошев и до…

СЕ ПОПОЛНУВААТ ТЕРМИНИТЕ ВО „FACE FANTASY BEAUTY SALON“

Доколку сакате секогаш убаво да изгледате посетете го „Face fantasy Beauty salon“ во Кочани. Салонот за мошне кратко време го привлече вниманието кај припадничките на понежниот пол. Најдобра потврда за тоа е што термините со голема брзина секојдневно се пополнуваат особено сега во пресрет на „Денот на вљубените“. Професионалноста и оригиналните материјали се главната препорака…

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ И ТРЕТМАН НА КОМУНАЛНИОТ ОТПАД НА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА ВО КОЧАНИ

Градоначалниците на општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево, Љупчо Папазов, Миле Петков, Борчо Коцев и Далибор Ангелов потпишаа Договор во врска со преземањето и третманот на комуналниот отпад на Градската депонија во Кочани. Според договорот, општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево имаат обврска да плаќаат по 220 денари за метар кубен отпад депониран на депонијата во…

ОДБЕЛЕЖЕНА 153-ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

По повод 153-годишнината од раѓањето на македонскиот национален херој, организатор и водач на македонското револуционерно движење – Гоце Делчев, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и директорот на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Драган Трајчев со општински и училишни делегации, положија свежо цвеќе на бистата на Гоце Делчев во дворот на Подрачното училиште во Горни…

ВО САБОТА МЕМОРИЈАЛЕН НАТПРЕВАР ВО РАКОМЕТ

Во Сабота во салата на ООУ „Никола Карев“ на програмата е Меморијален натпревар во ракомет во чест на прерано починатиот ракометар Андреј Митев од село Облешево. Натпреварот е закажан за во 17:00 часот а на истиот ќе се сретнат екипите на РК „Младинец“ од Кочани и РК „Текстилец“ од Штип. Влезот е слободен. С.  Ивановски…

ЛИЦЕ ЛИШЕНО ОД СЛОБОДА БИДЕЈЌИ ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАР ВО НИВА

На 04.02.2025 во 01.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Г.Г.(64) од с.Жиганци, општина Чешиново – Облешево. Тој се сомничи дека околу 23.45 часот предизвикал пожар во нива на стариот пат Штип – Кочани во близина на село Кучичино, општина Чешиново – Облешево. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната…

ПРИЈАВА ЗА НАПАД НА МАЛОЛЕТНИЧКА ОД ДВЕ МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА

На 03.02 2025 во 10.00 часот во Полициската станица Кочани, Н.Ј.(42) од Кочани пријавила дека на 01.02.2025 околу 01.30 часот на ул.„Стево Теодосиевски“ во Кочани, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од М.Р. и Е.И., двете од Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Соопштение од СВР Штип КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ …

СЕ УРЕДУВА СРЦ „БАВЧАЛУК“, ЗАСАДЕНИ НОВИ САДНИЦИ

Во рамките на реализацијата на проектот за уредување на паркот во месноста Бавчалук, во кругот на Спортско-рекреативниот центар „Бавчалук“ се засадени нови садници. Наредниов период ќе се продолжи со озеленување, чистење на обраснатата вегетација, реконструкција на постоечките пешачки патеки и уредување на просторот. Хортикултурното уредување и расчистување на површината на СРЦ „Бавчалук“ е учество на…

ГРАЃАНСКА РЕАКЦИЈА, И ПОКРАЈ СИТЕ НАПИСИ СМЕТОТ НЕ СЕ СОБИРА

Група граѓани реагираат за  ненавременото собирање на сметот на Градскиот пазар како и на улиците „Борис Трајковски“ и „Гоце Делчев“ . Како што истакнуваат нивните реакции што беа објавени кај нас од 20 и 21 Јануари не ги дале посакуваните резултати па сега се јавуваат со нов допис во кој се вели: „Здраво, пред извесно…