Последни вести
ПРЕДПРАЗНИЧНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО „BAGS MANIA“
Доколку сакате пријатно да го изненадите Вашиот партнер во време на претстојните празници, задолжително посетете ја продавницата на „BAGS MANIA“ сместена во безистенот на Градскиот Трговски Центар во Кочани. Меѓу големиот број брендирани кожни производи вниманието секако дека ќе ви го привлече најновата колекција од познатиот бренд „DAWID JONES“. Не размислувајте, побрзајте и обезбедете го…
СО 1,39 ПРОМИЛИ АЛКОХОР ВО КРВТА ИЗЛЕТАЛ ОД КОЛОВОЗОТ И …….
На 20.12.2025 во 05:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат с.Оризари – с. Прибачево, кочанско кај место викано „Бели бандери“ патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки управувано од В.С.(25) од с. Прибачево излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Т.Ј.(25) од с. Прибачево…
ФИЗИЧКИ НАПАДНАТА ДОКТОРКА ОД ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ВО КОЧАНИ
На 19.12.2025 во 06:40 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во Итната медицинска помош во Кочани, женa од село Спанчево, општина Чешиново – Облешево, физички нападнала 33-годишна докторка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Известување од МВР КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – КОЧАНИ: НОВОГОДИШЕН БАЗАР
Во духот на новогодишните празници, Општина Кочани ги поканува граѓаните да бидат дел од традиционалниот новогодишен базар што го организира ООУ „Никола Карев“. Настанот ќе се одржи на 22 декември 2025 година (понеделник) со почеток во 16:00 часот, на големиот паркинг во училиштето. Учениците со многу љубов и креативност ги подготвија своите новогодишни изработки, кои…
И ОВАА ГОДИНА ИЗНУДЕНИ НАСМЕВКИ КАЈ НАЈМЛАДИТЕ
Традиционално, и оваа година во чест на св. Никола, а во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, општествено одговорната компанија „Еко Пак Хит“ и Здружението „Еко Тим Исток“ донираа пакетчиња во подрачното осноцно училиште Кирил и Методиј во Горни Подлог и подароци за пациентите на Детското одделение при Општа болница Кочани. Може не можеме…
ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА ВО ЦГР ВО КОЧАНИ
Продолжува поставувањето на сообраќајната сигнализација во централното градско подрачје на Кочани Во понеделник, 22.12.2025 година, продолжува поставувањето на сообраќајната сигнализација на улиците „Кеј на Револуцијата“ и „Маршал Тито“, на потегот од мостот кај Шопингот до мостот кај Плоштадот. Бележењето на хоризонталната сигнализација ќе се реализира со поддршка на полициски службеници од Одделението за безбедност во…
СЕДНИЦА НА ИСТОЧНО ПЛАНСКИОТ РЕГИОН
Денеска во Штип, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов присуствуваше на 2. седница на Советот за развој на Источниот Плански Регион. Во присуство на министерот за локална самоуправа Златко Перински, беа разгледани тековни и идни активности поврзани со надлежностите за имплементација на политиките за рамномерен регионален развој. Во Штип се одржа и првата прес-конференција на проектот…
ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД „BEAUTY SALON FACE FANTASY“ – КОЧАНИ
Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници од Салонот за убавина „Beauty salon face FANTASY“ – Кочани ги известуваат своите клиенти дека термините полека но сигурно се потполнуваат. Сите заинтересирани кои сакаат во прекрасен блесок да си ги поминат претстојните празници ќе можат свој термин да закажат или преку Facebook или преку Instagram: beauty_salon_face_fantasy. Телефон…
ЗЛАТО И СРЕБРО ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА ТУРНИРОТ ВО БЛАГОЕВГРАД
Во организација на СКБ „Стоев Тим“ – Благоевград (Бугарија) денес во Благоевград се организираше „Благотворителен турнир“ во борење – слободен стил кој воедно има и меѓународен карактер. Целта а истовремено и задача на овој турнир е да се популаризира спортот во Бугарија и да се помогне на децата од нерамноправна (социјално загрозена) положба. БК „Спартак“…
ИНИЦИЈАТИВА: КОЧАНИ – ЦЕНТАР ЗА ОБУКА НА ПОЖАРНИКАРИ
Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, одржа работна средба со претставници на Центарот за обука на пожарникари „Пегаз еду“ од Битола. На состанокот присуствуваа и претставници на Територијалната противпожарна единица – Кочани, како и на Доброволното противпожарно друштво – Кочани. Фокусот на разговорите беше иницијативата дел од кругот на противпожарната единица во Кочани да се…
