Последни вести

НОВООТВОРЕНИОТ САЛОН ЗА УБАВИНА „FACE FANTASY“ СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА

За само десетина дена од отворањето вработените во салонот за убавина „FACE  FANTASY“ имаат полни раце работа. Квалитетот што го нудат во салонот наиде на позитивни критики од клиентите па така сега пред Новогодишните празници сите гледаат што побргу да резервираат термин. Само за потсетување, салонот се наоѓа на улицата „Бел камен“ број 128 во…

ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ НА СВР ШТИП

Денеска (25.12.) во општинските основни училишта „Малина Поп Иванова“ и „Раде Кратовче“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани одржаа едукативно предавање на тема: „Петарди не – безбедност пред се“, а во врска со користењето на пиротехнички средства од страна на децата. На предавањето беа презентирани низа факти, особено за ризиците од употребата на пиротехнички…

НОВОГОДИШНА ЗАБАВА НА ДЕЧИЊАТА ОД ПРИВАТНАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА „АМИЧИ“ – КОЧАНИ

Распеано, разиграно и со насмевки на лицата дечињата од сите групи од Приватната детската градинка „Амичи“ од Кочани ја одржаа Новогодишната забава. Во салата на Мулти Културниот Центар во Кочани со новогодишни песни и игри им приредија прекрасна забава на своите роднини и пријатели кои салата ја наполнија до последното место. Посебна атракција за сите…

БАЗАР НА МОЖНОСТИ И УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА ПО ПОВОД НОВА ГОДИНА ОРГАНИЗИРАШЕ ОУ „КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“

Вработените и учениците од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Оризари  со богата културно уметничка програма  ја испратија старата и ја пречекаа новата година. Во холот  на училиштето се одржа традиционалниот  базар на можности на кој учениците од прво до деветто одделение на десетина штандови ги изложија своите рачни изработки. Преку вештите раце на децата а…

КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ, ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СОСТОЈБАТА НА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА

КЈП “Водовод” Кочани ја известува јавноста дека денес 25.12.2024 година (среда) од утринските часови на Градската депонија е присутна организирана група од околу 30 лица кои неовластено собираат отпаден материјал (пластика и железо) во Градската депонија. Бидејќи стануваше збор за поголема организирана група на неовластени лица и стражарската служба не можеше да се справи со…

ПРОМОЦИЈА НА КНИГА ЗА ДЕЦА ОД МИЛЕ ЃОРЃИЈОСКИ

Во соработка со Општина Кочани, книгата за деца „Во светот на палавите епиграмчиња“ од познатиот афористичар Миле Ѓорѓијоски, беше промовирана во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани. Станува збор за книга за деца која е отпечатена и со фонтот глаголица нова на Ласко Џуровски, графички дизајнер и типограф. Беше забавно, интетесно и креативно. На интерактивен начин…

РАБОТЕН СОСТАНОК НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПАПАЗОВ СО ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРОТ НЕЖДЕТ МУСТАФА И ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЕВН КЕЦ – КОЧАНИ

Градоначалникот на Општина  Кочани Љупчо Папазов одржа работен состанок со заменик-министерот за односи меѓу заедниците Неждет Мустафа и со директорот на ЕВН КЕЦ – Кочани Стојан Марков, на кој се разговараше за олеснителните можности за приклучок и исплата на електричната енергија на локации во Кочани каде што е констатирано неопходно подобрување на квалитетот на услугите…

КОМПАНИЈАТА „ТОП ГРАНИТ“ БЕЗ НАДОМЕСТ ГИ ВРАТИ БУКВИТЕ НА СПОМЕНИКОТ НА РАДЕ КРАТОВЧЕ И ЉУПЧО САНТОВ

По објавата и приложените фотографии при положување цвеќе на бистите на Раде Кратовче и Љупчо Сантов во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани а по повод празникот „11 Октомври“ потомците на Раде Михајлов Кратовче биле згрозени од глетката. Нешто од  букви со имињата и презимената на народните херои  имаше останато на споменикот но повеќето никаде ги…

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПОРАДИ ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ОПШТА ОПАСНОСТ

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.Р.(24) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „тешка телесна повреда“. На 10.04.2024 во двор во Кочани, пријавениот со патничко возило „југо“ влетал со голема брзина и удрил во маса на која седеле С.Т. и нејзиното семeјство,…

ПРОМОЦИЈА НА КНИГА „ПРИЛОЗИ КОН ЖИВОТОТ И ДЕЈНОСТА НА МАЛИНА ПОПИВАНОВА“

Во присуство на голем број љубители на убаво напишаниот збор денес во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани беше промовирана книгата „Прилози кон животот и дејноста на Малина Попиванова“ од авторите Георги Ајановски и Доне Донев. Станува збор за книга посветена на историскаѕа личност Малина Пипиванова и нејзиното семејство, како за Кочани така и…