Последни вести

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРААТ: „МОРА ДА ПРЕСТАНЕ ДИВОТО НАСЕЛУВАЊЕ ВО ГРАДОТ“

Без поголем вовед  во целост Ви го пренесуваме писмото од група граѓани. „Господа вие што седнавте во советничките столчиња и што ве плаќаме на работните места кои ги добивте во општинската администрација мора еднаш да ставите крај на дивото населување во градот. Живееме на  источниот дел на периферијата во Кочани и сведоци сме на нови…

ХАВАРИСАНИТЕ И НЕРЕГИСТРИРАНИТЕ ВОЗИЛА ГО УЗУРПИРААТ ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ

Меѓу неколкуте проблеми во градот кочанчани мака мачат со изнаоѓање на слободен простор за паркирање на своите возила. Кога пред десет години се воведе наплата за паркирање можеби се направи и најголемата грешка бидејќи и оние простори кои се предодредени за паркирање (Градскиот плоштад) до ден денес не се наплаќа за паркираните возила. И не…

ЦЕНТАР ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ „СТАНЧЕВА“ ВРШИ УПИС НА ДЕЦА И ВОЗРАСНИ ПО ГРЕМАНСКИ ЈАЗИК

Центарот за странски јазици, германски јазичен центар „Станчева“ врши уписи за новата учебна година. Уписите се индивидуални и групни, а се однесуваат за деца од сите одделенија, за средношколци и за возрасни лица. Наставата е според договор, онлајн или со физичко присуство. Од оваа година центарот формира група за трето и четврто одделение, со тоа…

ПРВ МЕМОРИЈАЛЕН ОДБОЈКАРСКИ ТУРНИР „ЧЕШИНОВО 2023“

Во знак на почит и сеќавање кон Јоже Јефтимов и Мартин Костов, денес во нивна чест љубителите на одбојката од Чешиново го организираа првиот Меморијален одбојкарски турнир „Чешиново 2023“. „Како за прв пат на турнирот учествуваа две екипи, а се надеваме дека истиот ќе прерасне во традиционален и во следните години на истиот ќе учествуваат…

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА КРУЖНИОТ КАЈ АТОМСКИТЕ ЗГРАДИ

Доцна синоќа нешто после 01:00 часот кај кружниот во близина на „Атомските згради“ се случила сообраќајна несреќа која за среќа поминала со материјална штета. Дознаваме дека лице кое возело патничко моторно возило Фиат „Панда“ со брзина поголема од пропишаната на излез од градот удрило во кружниот, а од силината на ударот ја пробил металната ограда…

„БЕСА“ ПРЕГОЛЕМ ЗАЛАК ЗА ИНДИСПОНИРАНОТО „ОСОГОВО“

По облачно, но мошне пријатно време за игра пред околу 500 гледачи „Осогово“ лошо ги отвори натпреварите во второлигашката конкуренција. Екипата на „Беса“ кој и пред натпреварот важеше за голем фаворит речиси без напори ја совлада индиспонираната екипа на Кочанскиот второлигаш. Домаќините немаа игра за време на целиот натпревар, одбраната порозна, средина на теренот како…

ОД УТРЕ (САБОТА) „ОСОГОВО“ ГИ ПУШТА ВО ПРОДАЖБА И СЕЗОНСКИТЕ БИЛЕТИ

Утре, во рамките на првото коло во Втора Фудбалска Лига во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ повратникот во второлигашкото друштво „Осогово“ ја пречекува екипата на „Беса“. Како што информираат од клубот во оваа фудбалска сезона освен поединечни влезници за секој натпревар, љубителите на фудбалот ќе можат да набават и сезонски билети, односно комплет влезници за…

„ОСОГОВО“  СО  РЕСПЕКТ,  НО  БЕЗ  БЕЛО  ЗНАМЕ  ЈА  ПРЕЧЕКУВА  ЕКИПАТА  НА  „БЕСА“

Утре (Сабота) со почеток во 17:00 часот се играат натпреварите од првото коло од годинешното првенство во Втора Фудбалска Лига. Повратникот во второлигашкото друштво „Осогово“ пред своите гледачи ја пречекува екипата на „Беса“, екипа која во летниот преоден рок доведе најмногу квалитетни играчи и ја истакна кандидатурата за највисок пласман. „Жетварите“ го респектираат својот противник…

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД КОЧАНИ МАСОВНО ИЗЛЕГОА НА УЛИЦА И ГО ОДРЖАА НАЈАВЕНИОТ ПРОТЕСТ

Пензионерите од Кочани го одржала најавениот протест. Онака како и што во текот на вчерашниот ден беше договорено голем број на пензионери се собраа во „Паркот на револуцијата“ од каде се упатија до седиштето на Здружението на пензионери на општина кочани. Пензионерите јавно ја подржаа иницијативата за линеарно покачување на пензиите за 3.500,00 денари а…

АКТИВНОСТИ ВО ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО ОВОЈ ПЕРИОД ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА И УЧЕЊЕ

Почитувани, Во текот на изминатите месец дена во училиштето се започнаа низа на активности за подобрување на условите за работа и учење во училиштето. Моментално во централното училиште е започнато со реконструкција на санитарните јазли на приземјето и на меѓукатот , со што по завршувањето на овие активности во училиштето во голема мера ќе се…