ВЕТЕРАНИТЕ НА „МЛАДОСТ“ ОД ОРИЗАРИ ГО ОДИГРАА РЕВИЈАЛНИОТ НАТПРЕВАР

јули 29, 2023
1 минути

Во пресрет на најголемиот Македонски празник „Илинден“ а и поради доаѓањето на голем број иселеници од Оризари за време на летните годишни одмори, денес на малиот тревнат терен покрај реката Масалница ветераните на Фудбалскиот клуб „Младост“ од Оризари го одиграа традиционалниот ревијален фудбалски натпревар. Иако ветерани, сепак одиграа натпревар полн со пресфрти и многу голови во кој сепак победник немаше.

 

Но по завршувањето на ревијалниот натпревар се одигра и трето полувреме кое беше исполнето со песна и ора.  Убаво беше да се слушне за времето кое тие го поминале другарувајќи со фудбалската топка.

Расположението, и песната траеа длабоко во ноќта. На заминување закажаа ново дружење, следната година во истото време.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ