ВТОР ПОРАЗ НА „ОСОГОВО“ НА ПОДГОТОВКИТЕ

Во Спорт
јули 30, 2023
1 минути

„Осогово“ го одигра вториот контролен натпревар пред стартот на натпреварите во Втора Фудбалска Лига. Кочанчани на теренот во Пехчево се поразени од екипата на „Трајал“ од Крушевац (Србија) 0:2 (0:2).

Според информациите до кои што дојдовме екипата од Крушевац била далеку подобар противник а „Осогово“ е далеку од посакуваната форма.

До почетокот на првенството има уште две седмици со евентуално пролонгирање за уште една, доволно време во кое Шефот на стручниот штаб на „жолто-сините“ Добринко Илиевски и неговите помошници да можат да ги отстранат сите недостатоци.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ