Утре (Сабота) со почеток во 17:00 часот се играат натпреварите од 29-тото, претпоследно коло во Втора Фудбалска Лига по кое на многу прашања ќе се добие одговорот кога е во прашање опстанокот во лигата.
„Осогово“ со доза на оптимизам патува во Голема Речица (Тетово) каде и гостува на мошне добрата екипа на „Аресими“. Кочанчани се борат за гол второлигашки живот и единствената опција што им даба надеж дека и следната година ќе играат во Втората лига е непоразени да се вратат од ова тешко гостување.
Играчите се тие што одлучуваат што и како понатака, затоа најавуваат борба за секоја топка и верба дека нема да загубат на ва тешко гостување.
Двојки за 29-тото коло:
„Аресими“ – „Осогово“
„Тетекс“ – „Охрид“
„Беса“ – „башкими“
„Пелистер“ – „Победа“
„Скопје“ – „Беласица“
„Вардар“ (Н) – „Новаци“
„Караорман“ – „Каменица Саса“
„Кожуф“ – „Детонит Плачковица“
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ