На 16 Март се навршува една година од трагичната загуба на нашите драги членови Ѓорѓи и Диме. Нивната љубов кон планината, природата и другарството засекогаш ќе остане дел од нашиот клуб и од сите нас што ги познававме.

Во нивна чест и спомен, денес беа посадени 300 багреми – како симбол на животот, сеќавањето и корените што тие ги оставија зад себе.

Секое дрво нека биде потсетник на нивната добрина, насмевка и чекорите што заедно ги направивме по планинските патеки. Нека шумоли ветерот низ овие дрвја како тивок поздрав до нив, а планината нека ги чува нивните спомени.

Никогаш нема да бидете заборавени.
Почивајте во мир.


КПС „Осоговски орел“ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
