В четврток, 28 август 2025 година, со почеток во 17:30 ч., на стадионот во Долни Подлог ќе се одигра финалниот натпревар од Богородичниот младински фудбалски турнир.
Годинава на турнирот учествуваат 8 екипи со младинци на возраст до 25 години.
За трите најуспешни екипи на Богородичниот младински фудбалски турнир ќе бидат доделени парични награди и пехари, а ќе бидат прогласени и најдобар голман и најдобар стрелец.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ