Под мотото „Подобра иднина за секое дете“ во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ беше одбележан „Меѓународниот ден на детето“.
Пред присутните меѓу кои поголемиот број дечиња свое обраќање имаше Александра Соколова – психолог која зборуваше на тема правата на децата од психолошка гледна точка..
Иле Матеничарски – врснички едукатор од Црвен крст – Кочани зборуваше за сајбер насилството и заштита на децата, додека врсничките едукатори од СОУ Љупчо Сантов – Кочани, Никола Малешевски, Љупка Јорданова и Ивона Тодорова под менторство на професор Александар Михајлов зборуваа на темата за ширење на лажни вести и дезинформации.
Средбата покажа дека темите се интересни и поучни за дечињата, затоа ваквите едукаторски средби потребно е што почесто да се организираат.
С. Ивановски