Во ЈОУДГ „ Павлина Велјанова“ на 19.06.2025 година во објект „ Ѕвездички“ се одржа тетарска претстава во рамките на проектот „Децата и законите“ „Kids and law“, кофинансиран од програмата Еразмус+.
Главната цел на проектот е да се развие и имплементира иновативен
образовен концепт за деца од предучилишна возраст, фокусирајќи се на важноста на законските регулативи, почитувањето на човековите права и намалувањето на агресивноста, истовремено поттикнувајќи ја толеранцијата.
Преку „студии на случај“во кои е вклучени воспитно згрижувачки кадар и децата проектот се обидува да ја всади важноста на правните регулативи, моралните норми и инклузивноста, на крајот обликувајќи ги идните граѓани кои активно се вклучуваат во поддржувањето на заедничките вредности.
ЈОУДГ „ Павлина Велјанова“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ