ВО НЕДЕЛА БАЗАР НА РАЧНИ ИЗРАБОТКИ „КОЧАНИ ТВОРИ“

февруари 26, 2026
1 минути

В недела, 1 март, од 11 до 17 ч., во кафе-барот „Какао либре“ во Кочани, во организација на здружението Синтезис, ќе се одржи базар на рачни изработки.

Под насловот „Кочани твори“, базарот има цел да ги собере на едно место локалните креативци и љубители на уникатни, авторски производи. На настанот се охрабрија и се пријавија дваесетина учесници, меѓу кои и творци кои досега не изложувале јавно.

Според претседателката на Здружението Синтезис, Кристина Димитрова, базарот ќе придонесе и кон социјален развој, иницијатива и активно учество во локалната средина преку креативно изразување.

На базарот ќе бидат изложени и наменети за продажба рачно изработени: накит, декоративни предмети, уметнички дела, природна козметика, текстил и плетива, домашна храна и други авторски производи.

Овој настан се реализира на база на ентузијазам, доброволна вклученост и верба дека малите иницијативи можат да создадат големи промени.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ