ПРЕКРАСНА ПРЕДВЕЛИГДЕНСКА ЗАБАВА „АМИЧИ“ МУ ПОДАРИ НА КОЧАНИ

април 22, 2022
0 минути

Во пресрет на Велигденските празници во организација на Приватната детска градинка „Амичи“ од Кочани, во „Паркот на Револуцијата“ беше организиран „Велигденски хепенинг“.

Во присуство на голем број роднини и пријатели како и заинтересирани граѓани дечињата од латино клубот при Приватната детска градинка „Амичи“ приредија прекрасна детска забава гоја му даде посебно освежување на градот во пресрет на претстојните празници.

Освен забавата тимот „Амичи“ подготвија и прекрасни вкусни велигденски колачи, милиброд, крофни и пити кои беа поделени на посетителите на овој несекојдневен но прекрасно организиран настан, како и хуманитарни штандови на кои се продаваа велигденски колачиња.

За да изгледа се најсовршено во пресрет на празникот „Амичи“ организираше и велигденска работилница каде се фарбаа и украсуваа јајца, а во која освен дечињата што ја посетуваат градинката учествуваа и други дечиња.

Респект кон сите вработени во приватната детска градинка „Амичи“ за она што денес му го подарија на Кочани.

С. Ивановски