ВО НЕДЕЛА „ДРАГАНИЦА КУП“ ПО ШЕСНАЕСЕТТИ ПАТ

Во Спорт
март 3, 2022
1 минути

Традицијата нема да запре, напротив таа и годинава ќе продолжи. Во недела со почеток во 1):00 часот започнуваат натпреварите од 16-тото издание на традиционалниот Меморијален фудбалски турнир „Драганица куп“ кој се одржува во чест на некогашната фидбалска легенда на кочанскиот фудбал Драган Михајлов – Драганица.

Годинава на турнирот ќе земат учество играчи од четири клубови кои ќе настапат во категоријата „пионери“ родени 2005 и 2006 година, а натпреварот ќе се игра 2 х 30 минути.

Освен домаќинот „Осогово“ за драгоцениот пехар ќе се борат и екипите на „Вардар“ (Скопје), „Каменица Саса“ (Македонска Каменица) и „Слога 1934“ (Виница).

Во пресрет на свеченото отворање на турнирот ќе биде извршено жребувањето по кое ќе се знае кои екипи ќе играат во првите два полуфинални натпревари.

10:00 часот свечено отворање

10:05 часот прво полу финале

11:20 часот второ полу финале

13:20 часот мало финале за трето место

15:00 часот финале-натпревар за прво место

16:30 доделување на награди за најдобрите на Драганица Куп 2022

17:00 часот ручек за сите учесници

Прв освојувач на турнирот во далечната 2007 година беше „Работнички Кометал“ од Скопје, а последниот турнир во 2021 година го освоија играчите на домаќинот „Осогово“ – Кочани.

Инаку досега 10 различни екипи го имаат освојувано турнирот а рекордер е домаќинот „Осогово“ кој трипати го понесе победничкиот пехар.

С. Ивановски