Иако пред десетина дена најави заминување од „Осогово“, па дури беше и на разговори со челните луѓе на „Беса член на Втора Фудбалска Лига – Запад, сепак Аделин Ќазимов и управата на ГФК „Осогово“ се договорија соработката да продолжи.
Ќазимов во есенскиот дел од сезоната беше еден од подобрите играчи на кочанскиот второлигаш и навистина ќе беше штета доколку ги напуштеше редовите на „жетварите“.
Денес од клубот ни ја потврдија убавата вест. Не информираат дека во комет системот Ќазимов се води како играч на „Осогово“, тој не ги подигнал документите од клубот туку едноставно заминал на разговори со клуб од Втора Лига – Запад со кој сепак не нашол заеднички јазик.
За утрешниот ден е најавено потпишување со двајца нови одбранбени играчи, но за тоа и за нивните имиња кога ќе потпишат за „жолто-сините“.
С. Ивановски