Во организација на КПС „Осоговски орел“ за во недела е закажана ридско-планинаската трка „Гратче Траил 2025“.
Оваа година патеката е изменета од претходната година, но вклучува дел кој се трча околу езерото Гратче. Стартот е од СРЦ „Бавчалук“ Кочани, се трча кон водопадите на Голема Река но се минува под селото Црвена Нива . На самите Водопади има окрепна станица за освежување. Потоа патеката оди кон местото Мактеон во Горно Гратче и следува спуст кој минува по круната на Езерото, овде има втора окрепна станица и потоа се трча по земјена патека од десна страна по течението на реката се до финишот. Должина на патеката е околу 19 км Висинско искачување: 850м.
Цена за учество изнесува 800 ден. Цената вклучува стартен пакет кој содржи: Стартен број, финишер медал, производи од спонзори, освежителни станици, храна, брендиран ранец, и брендирани чорапи со логото на клубот
линкот за пријавување https://osogovo.trki.mk/mk/events/gratce-treil-2025/register
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
