ВО НЕДЕЛА СТАРТУВА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ВО ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК

март 6, 2024
1 min read

Заврши зимската пауза за третолигашите од истокот. Во Недела со почеток во 14:00 часот стартува пролетниот дел од фудбалското првенство во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Осум екипи ја уплатија бараната котизација од 80.000,00 денари, додека единствено уште „виси“ екипата на „Рудар“ од Пробиштип која е единствената од екипите што се натпреваруваа во есенскиот дел која поради финансиски недостаток ја нема уплатено потребната котизација. Олеснителна околност за „рударите“ е што се слободни во првото пролетно коло, 10-то редовно, па доколку до вторник (12.03.2024 година) не ја уплатат котизацијата согласно важечките прописи ќе бидат исфрлени од натпреварувањето.

Во 10-тото коло се среќаваат:

„Овче Поле“ – „Карбинци“

„„Вардарски“ – „Тиверија“

„Ударник“ – „Малеш“

„Слога 1934“ – „Дојранско Езеро“

Слободна е екипата на „Рудар“ од Пробиштип.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ