ОУ „Малина Попиванова“ целосно ги опреми и реновира две училници за првачињата. Заменето е осветлувањето и таванот, реновирани се внатрешните ѕидови и санитарните јазли, поставени се нови врати и прозорци. Со тоа значително се подобрени условите за работа и престој на учениците.
-Малку задоцнивме со реновирањето на училниците бидејќи имавме голем проблем со таванот, ни се случи мала хаварија, таванот се одлепи од горните држачи. Заменети се држачите и таванот, а се прави и внатрешно уредување за да изгледа убаво. Од оваа година и нашето училиште има продолжен престој и имаме околу 20 сетина ученици, а пред и после часовите ги прима наставничка која работи со нив, истакна Благој Петров, директор на ОУ „Малина Попиванова“.
Петров се заблагодари на Општина Кочани за поддршката, како и на фирмата изведувач на градежните работи.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ