ВО ПАРИЗ ОДРЖАН „ГЛОБАЛЕН ФОРУМ ЗА ЖЕНИ, ЛИДЕРИ ВО БОРЕЊЕТО“

Во Спорт
декември 6, 2023
1 минути

Од 01-05 Декември Париз (Франција) беше домаќин на „Глобалниот форум за жени лидери во борењето“.

Форумот кој беше во организација на Светската боречка асоцијација UWW се одржа во салата на „Институтот за спорт“, а на истиот учествуваа 40 жени од целиот свет кои што се дел од борењето.

Претседавач на форумот беше Габриела Мулер од Мексико, а честа Македонија да ја претставува ја имаше Драгана Савева секретар на Боречката Федерација на Македонија која воедно беше и една од неколкуте панелисти. Тема на средбата беше „Користењето на социјалните мрежи во боречките федерации“.

Знаејќи со каков ентузијазам Драгана му е посветена на борењето се надеваме дека она што беше презентирано на форумот дословно ќе го пренесе и кај нас се со цел борењето да почне уште повеќе да оди во нагорна линија.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ