Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, денеска започна Велигднескиот хепенинг во Градскиот парк во Кочани со богата културно – забавна програма.
Јавната општинска установа „Павлина Велјанова“ – Кочани приреди Велигденски пазар на можности, придружен со музички настапи на дечињата, а настапија и ученици од ОУ „Никола Карев“.
ЈОУ Библиотека „Искра“ приреди Велигденска работилница, а во знакот на големиот христијански празник Школата за цртање и сликање при Центарот за култура „Бели мугри“ –Кочани приредија велигденски ликовен перформанс. Младинската банка Кочани, којашто е поддржана од ФРЛЗ – Штип, одржаа Велигденска работилница.
Забавните содржини продолжуваат во текот на денот, со почеток во 17 ч., во Градскиот парк ќе настапат ѕвездите од „Дајте музика“.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ