ЗАТВОРЕНА КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКАТА ПРОГРАМА „ПЕТРОВДЕН 2022“

јули 15, 2022
1 минути

Овогодинешната програма за Петровден 2022 беше затворена синоќа, 14.07.2022 во Мултикултурниот центар Кочани со концертот на пијанистката Благица Арсова. Таа е пијанистка од Кочани, која има освоено многубројни државни и меѓународни награди. По завршувањето на студиите во Македонија, продолжува на конзерваториумот „Џузепе Тартини“ во Трст-Италија во класата на маестро Лука Трабуко и е пред дипломирање. Во текот на школувањето посетува и неколку мастеркласи со професорите Јури Кот, Џорџе Милојковиќ, Владимир Млинарич, Александар Сердар, Драган Опанчич и Олексиј Молчанов.

На 13.07.2022 во ЈОУ Библиотека „Искра“ беа изложени стари фотографии од Кочани и литературни дела од роднокрајни автори од Кочанско. Станува збор за 40-тина фотографии од старо Кочани кои се дел од библиотечниот архивски фонд на „Искра“ како и нови фотографии, реплики и споредби на дел од нив од денешно време.