ВО ПРЕСРЕТ НА 26. ИЗДАНИЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ДЕНОВИ НА МЕДОТ – КОЧАНИ 2023“

октомври 9, 2023
1 минути

Во организација на Пчеларско Здружението  „Матица“ – Кочани, „градот на оризот“ во периодот од 21-22 Октомври оваа година ќе биде домаќин на 26. издание на манифестацијата „Денови на медот  Кочани 2023“.

Дознаваме дека учеството засега го имаат потврдено 15 излагачи од речиси цела Македонија, (Кочани, Штип, Виница, Пехчево, Пробиштип, Куманово, Битола, Охрид…..) кои во планираните два дена на кочанчани ќе им ги понудат своите производи.

До денот на започнување на манифестацијата се очекува и други производители да го потврдат своето учество.

Манифестацијата ќе се одржи во „Паркот на Револуцијата“ а истата ќе ја отвори Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ