ВО ЈОУ БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“ – КОЧАНИ, ПОЧНА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ПРАЗНИКОТ 11 ОКТОМВРИ

октомври 10, 2023
1 минути

Во ЈОУ Библиотека ,,Искра” во соработка со Локална Библиотека ,,Гоце Делчев” – Велес и ЛУ ,,Народен Музеј”-Велес одбележан 11 Октомври-Ден на народното востание на македонскиот народ.

Присутните добија историски и литературен осврт поврзан со востанието,

Виш кустос Марин Клифов даде историски осврт на народното востание, директорката Снежана Бошевска преку видео презентација ни претстави дел од македонските автори, чии дела се инспирирани од НОБ.

Ученици на СОУ ,,Љупчо Сантов”-Кочани прочитаа стихови, инспирирани од НОБ.

Јоу Библиотека „Искра„“

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ