Годинешното 23-то издание на традиционалниот Меѓународен меморијален турнир во борење – слободен стил „Легендите на Спартак“ годинава е закажано за утре (03.јуни).
На турнирот право на настап имаат момчиња (родени 2009 – 2912) и девојчиња (родени 2010-2012). Секој клуб учесник на турнирот има право на по еден натпреварувач во секоја категорија, а истите можат да настапат само со заверена легитимација од БФСМ или со пасош.
Натпреварите започнуваат со 11:00 часот додека финалните борби ќе започнат во 15:00 часот.
Учеството на турнирот досега го потврдија сите боречки екипи од Република Македонија, како и екипи од република Србија, Грција, Косово и неколку клубови од Бугарија.
Годинешниот меморијален меѓународен турнир во борење „Легендите на Спартак“ ќе се одржи во Спортската сала на ООУ „Никола Карев“ во Кочани.
С. Ивановски