ВО САБОТА И НЕДЕЛА СТАРТУВААТ НАТПРЕВАРИТЕ ВО ВТОРА ЛИГА МЛАДИ КАТЕГОРИИ

Во Спорт
септември 6, 2022
1 минути

Во Сабота и Недела започнуваат натпреварите во Втора фудбалска Лига – млади категории, за сезоната 2022/2023.

Според распоредот, во саботите ќе се играат натпреварите во лигата на „пионери“ и „помлади пионери“, додека во неделите според истиот распоред играат категориите „кадети“ и „младинци“ со таа разлика што домаќините од саботите во неделите гостуваат кај истите противници во неделите.

ГФК „Осогово“ по успесите што ги остварија во претходното првенство се изборија годинава да играат лиги со доста квалитетни екипи.

Во Сабота во 1. коло  – пионери и помлади пионери се среќаваат:

Осогово – Њу Старс

Гостивар – Ренова

Тиквеш – Скопје

Струга Трим Љум – Беласица

Силекс – Тетекс

Во недела во 1. коло – кадети и младинци се среќаваат:

Њу Старс – Осогово

Ренова – Гостивар

Скопје – Тиквеш

Беласица – Струга Трим Љум

Тетекс – Силекс

С. Ивановски