ВО САБОТА, МЕМОРИЈАЛЕН МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР „ЛЕГЕНДИТЕ НА СПАРТАК“

Во Спорт
ноември 2, 2022
1 минути

Во организација на БК „Спартак“ и Боречката Федерација на Република Северна Македонија, а со поддршка на Општина Кочани во Сабота (05 Ноември) со почеток во 11:00 часот во салата „Сашо Лазарев – Чапо“ ќе се одржи традиционалниот 22-ри  Меѓународниот Меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак 2022“.

На турнирот ќе земаат учество момчиња и девојчиња:

– момчиња во категоријата 2009-2012 во шест категории,

– момчиња во категоријата 2006-2008 во две категории и

– девојчиња во категорија 2010-2012 во две категории.

Право на настап ќе имаат натпреварувачи со легитимација издадена од БФРСМ, пасош или Извод од матична книга на родените.

Освен домаќинот а воедно и организаторот „Спартак“ од боречките клубови во Македонија своето учество на турнирот го најавија и екипите на:, „Балканец“ (Штип), „Бучим“ (Радовиш), „Бучим шампион“ (Конче), „Киро Ристов“ (Таринци), „Лирија“ (Скопје), „Карбинци“ (Карбинци), „Борец“ (Велес), „7-ми Мај’ (Прилеп), „Вардар“ (Скопје) се клубовите од Македонија кои ќе учествуваат на турнирот, а се очекува настап и на натпреварувачи од Република Грција и Република Бугарија.

Ајде сите во Сабота на борење.

С.  Ивановски