ВО САБОТА „ОСОГОВО“ ГО ПРЕЧЕКУВА „СКОПЈЕ“ СО ЕДИНСТВЕНА ЦЕЛ – ПОБЕДА И НИШТО ДРУГО

Во Спорт
август 23, 2024
1 минути

По катастрофалното лошо издание на „Осогово“ на првиот овосезонски натпревар против „Вардар“ од Неготино кој кочанчани лесно го загубија, љубителите на фудбалот во „градот на оризот“ си го кажаа своето,

На Стручниот штаб, на играчите и на сите инволвирани во клубот им го покажаа жолтиот картон. Ако минатото првенство навивачите на „Осогово“ го поминаа во грицкање на нокти, нервоза, пушење цигари и постојано негодување, годинава уште по првиот пораз јасно им ставија до знаење на сите дека толеранција веќе ќе нема.

Главен извор на финансирање на „Осогово“ се собраните средства од граѓаните кои преку Буџетот на Општина Кочани му се доделуваат на клубот, токму поради тоа и граѓаните се тие кои можат отворено да зборуваат.

Шансата да си ги „исперат гревовите“ од првиот натпревар жолто-сините ќе ја имаат уште утре (Сабота) кога во рамките на второто коло „Осогово“ го пречекува „Скопје“.

Двојки за 02. коло:

Осогово – „Скопје

Вардар (Н) – Беласица

Охрид – Аресими

Победа (П) – Борец

Новаци – Брегалница

Каменица Саса – Детонит

Вардарски – Кожуф

Башкими – Македонија ГП

Натпреварите започнуваат во 16:00 часот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ