Утре (Сабота) со почеток во 17:00 часот започнуваат натпреварите од новото првенство во Втора Фудбалска Лига.
Уште на самиот старт љубителите на фудбалот во Источниот регион ќе имаат можност да го проследат Регионалниот дерби натпревар „Каменица Саса“ – „Осогово“.
Кочанчани најавуваат успешни настапи во првенството, но дали во сабота ќе можат да прекинат една незгодна традиција и со три освоени бода да се вратат од „градот на рударите“ ќе се дознае некаде околу 19:00 часот.
„Освен Стојанче Тренчев кој ја издржува казната поради добиениот црвен картон од бараж натпреварот против Шкендија од Арачиново, сите останати играчи се во комбинација за составот на екипата. Добро е што од минатото првенство остана костурот на екипата па со новоангажираните играчи мислам дека имаме состав кој може да донесе добар резултат од Македонска Каменица“ беше изјавата на Крсте Крстев – Шеф на стручниот штаб на „Одогово“.
Двојки за 01 коло:
Каменица Саса – Осогово
Вардар (Н) – Тетекс
Брегалница – Кожуф
Новаци – Победа
Преспа – Шкендија (А)
Охрид – Беласица
Скопје – Слога 1934
Големо Коњари – Детонит Плачковица
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ