ВО СЕМЕЕН ДОМ ПРОНАЈДЕНО ПОЧИНАТО ЛИЦЕ, ЗАБЕЛЕЖАНИ ТРАГИ НА НАСИЛСТВО ПО ТЕЛОТО

ноември 24, 2023
0 минути

На 23.11.2023, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода М.Р.(53) од Кочани. Имено, околу 09.30 во ОВР Кочани било пријавено дека во својот дом во село Бели, кочанско, во кој живеела со синот М.Р.(53), била пронајдена почината В.Р.(74). Подоцна, при преглед на телото на починатата, лекар од Итна медицинска помош забележал траги на насилство. Во координација со јавен обвинител телото било дадено на обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Соопштение на СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ