ВО ШАМПИОНСКИ СТИЛ, ДАРИЈАН ПАВЛЕВ ЗА КРАЈ НА ГОДИНАТА

Во Спорт
декември 22, 2024
0 минути

Во организација на Боречки Клуб „Лирија“ од Скопје, денес во Скопје во спортската сала „Зеф Љуш Марко“ се одржа Меѓународниот турнир во борење „Ментаз Алајбегу и Хајруш Синани 2024“.

На турнирот се појавија повеќе од 150 борачи од речиси сите клубови од Македонија а имаше претставници и од Турција, Бугарија, Косово и Албанија.

Боречкиот Клуб „Спартак“ од Кочани настапи со шест натпреварувачи кои освоија 1 златен и 2 бронзени медали.

Со одличен и преди се супериорен настап се истакна Даријан Павлев. Тој настапи во категоријата до 68 килограми. Совладувајќи ги на убедлив начин сите свои противници Павлев заслужено се закити со златниот медал и со стил на голем Шампион ја заврши оваа година.

Бронзените медали во силна конкуренција ги освоија Павел Темелков во категорија до 75 килограми и Јован Илијев во категорија до 57 килограми.

Останатите тројца борачи на „Спартак“, Стојана Митева, Мартин Цветков и Едис Билалов останаа без медали.

Екипата на „Спартак“ ја предводеше тренерот Иван Јанев, а Гоце Ангелов и Игор Христов беа дел од судиската екипа кои ја делеа правдата на душекот.

Кога се ќе се собере и одземе годината на заминување за борачите на „Спартак“ од Кочани можеме да ја оцениме како мошне успешна.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ