ЗАВРШИ ПРВЕНСТВОТО ВО ТРЕТА КОШАРКАРСКА ЛИГА, ТРЕТО МЕСТО ЗА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“

Во Спорт
мај 10, 2022
0 минути

Со натпреварот во Скопје против екипата на „Албес“ кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ од Кочани го завршија годинешниот шампионат во Трета кошаркарска лига.

Победата во Скопје од 105:92 (12:20; 32:29; 21:30; 27:26) против „Албес“ беше доволна кочанските кошаркари крајот на првенството да го дочекаат како третопласирани, што со оглед на сите околности кои ги следеа во ова првенство самиот пласман е успех.

Инаку Шампион во оваа конкуренција е екипата на МКК „Куманово“.

Поради очајно лошиот квалитет на третиот примерок на записникот од натпреварот не сме во можност да ги објавиме кошаркарите кои ги постигнаа кошевите на овој последен натпревар во ова првенство.

Честитки за сите кошаркари кои чесно и храбро го одиграа ова првенство.

С. Ивановски