ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ДВЕ МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА ПОТЕШКО ПОВРЕДЕНИ

октомври 21, 2024
0 минути

Вечерва околу 19:00 часот на патниот правец Оризари – Кочани, во близина на „Здружението на возачите“ се случил сообраќајна несреќа помеѓу скутер и патничко моторно возило.

Во несреќата повредени се две малолетни лица кои најпрвин поради сериозноста на повредите биле пренесени во „Општа болница со проширена дејност“ – Кочани од каде се транспортирани за Скопје.

Увид во несреќата вршат полициски службеници од ОВР Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ