ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ШТИП-КОЧАНИ ДВЕ ЛИЦА ГО ЗАГУБИЈА ЖИВОТОТ

април 20, 2024
1 минути

На 20.04.2024 година на експресниот пат Штип-Кочани во близина на индустрискиот дел Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „Пежо“ со кочански регистарски ознаки управувано од возачот А.Н. (40) од Кочани и патничко моторно возило „Шкода“ со скопски регистарски ознаки управувано од возачот Б.Д. (66) од Скопје.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот на пежото и сопатничката Л.Д. (64) во шкодата.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Штип, додека возачот на шкодата се здобил со повреди констатирани во Клиничката болница Штип.

Увидот е во тек а од 17;15 часот затворен е експресниот пат Штип-Кочани.

Соопштение на СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ