ВО СПАСУВАЊЕТО НА ТРОЈЦАТА МОТОЦИКЛИСТИ УЧЕСТВУВАА И ЧЛЕНОВИ ОД ДПСС „ОСОГОВО“ ОД КОЧАНИ

мај 22, 2023
0 минути

Спасувањето на тројцата мотоциклисти кои во текот на вчерашниот ден се загубиле на планината Плачковица е една од главните вести на денот.

Некои медиуми намерно или не во своите известувања  сакаат да  споменат дека во мисијата за спасување учествуваше и ДПСС (Доброволната планинска спасувачка служба) „Осогово“ од Кочани.

„Утринава во 03:15 часот бевме известени од Центарот за кризи за исчезнати мотоциклисти од Штип на планината Плачковица. За мошне кратко време се организиравме и во раните утрински часови веќе бевме на планината Плачковица. Ги баравме на места на кои сметавме дека се загубиле, но сепак подоцна истите беа пронајдени што е најдобрата вест што ја слушнавме“ во телефонскиот разговор не информираше Гоце Исајов Претседател на ДПСС „Осогово“ од Кочани.

Да, потрагата по тројцата мотоциклисти успешно е завршена а пронајдените мотоциклисти кои ноќта ја поминале на Плачковица се во добра здравствена состојба.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ