Градската депонија кај село Бели со месеци гори, Кочанчани дишаат екстремно загаден воздух збогатен со канцерогени честички. Ова претставува голема опасност по здравјето на сите што живеат во Кочанската котлина и пошироко.
Ги повикуваме сите засегнати граѓани да ни се придружат во битката за чист воздух, за чиста и здрава животна околина, за нашите деца
19ти јуни (среда) 19:00
на кружниот кај Спортисимо
Да го вратиме сјајот на град Кочани сите заедно!
ИЗЛЕЗИ И БОРИ СЕ ЗА ЧИСТО, ЗДРАВО И УБАВО КОЧАНИ!
Организатор: Марио Паунов
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ