И ПЕНЗИОНЕРИТЕ НА КОЧАНИ СЕ ПРИДРУЖИЈА НА ПРОТЕСТОТ ЗА ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ

август 4, 2023
1 минути

На пензионерите од Прилеп кои во текот на вчерашниот ден први излегоа на протест поради малиот процент на зголемување на пензиите денес им се придружија и пензионерите од повеќето општини во републиката меѓу кои и пензионерите од Општина Кочани.

На мирниот протест што денес се одржа во и пред просториите на Здружението на пензионери на Општина Кочани јасно го искажаа своето незадоволство поради најавеното процентуално зголемување на пензиите од 6,8% кое е најавено за месец Септември.

Пензионерите јавно побараа покачувањето на пензиите да биде линеарно и истото да изнесува 3.500,00 денари., а не како што најави Владата.

 

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ