ВО СРЕДА ВО НУЦК „БЕЛИ МУГРИ“ – ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБА

март 28, 2023
1 минути

На 29.03.2023 г. во 13:00 часот во просториите на НУЦК “Бели мугри” – Кочани (Фоаје 2) официјално ќе биде отворена изложбата на проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани“.

Здружение на граѓани „ОДОНАТА” – Кочани, во текот на осуммесечниот период на работа, заедно со учениците успешно се впушти во изработка на уметнички и естетски издржливи дела и продукти, како што се: оризова хартија, изработка на маси, столчиња за деца, ламби, слики, сувенири со мотиви од општина Кочани- со концентрирана тематика на оризовите остатоци  и вилинските коњчиња, кои како жив свет постојат и постоеле секогаш покрај оризовите полиња, што е и носителот/ концептот на името „одоната”.

Здружението на граѓани за културно-уметнички дејности „ОДОНАТА“- Кочани, во партнерство со Македонското модно здружение- Скопје, заедно со повеќе од 20-тина млади учесници, уметници, истражувачи, ментори, дизајнери и креативци кои помогнаа во реализацијата на овој одличен проект, ќе го прикажат продуктот на трудот од изминатите неколку месеци, подрзабирајќи прототип-продукти, уметнички дела и прототип-дизајни изработени од оризови остатоци: оризова арпа, оризова слама, оризово брашно.

Проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани” на Здружение на граѓани за културно-уметнички дејности Одоната, Кочани, во партнерство со Македонското модно здружение од Скопје се спроведува во рамки на „Регионалната програма за локалнадемократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Кочани.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ