Коалицијата за заштита на децата и Елеуса Фондација стапија во потесна соработка со цел да го донесат пред македонската публика филмот „Што е тоа жена?“ на Мет Волш. Тоа е филм кој е спој на документарец со хумористични нишки, во кој се разработува современата тема околу правата на жените, значењето на жената во општеството и дека истата не може да биде заменета од ниту еден маж.
Прикажани се повеќе интервјуа со најразлични лица – професори, доктори, психијатри, психолози и сл., кои кажуваат едно свое видување на прашањето што е тоа жена.
Времетраењето на филмот е 1 час и 35 минути
Кино проекција на филмот ШТО Е ТОА ЖЕНА?
30.05.2023 година во 19 часот
голема сала при НУЦK “Бели мугри”- Кочани
НУ ЦК „Бели Мугри“ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ