БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“ – ВО ВТОРНИК ИЗЛОЖБА „СВ. ПЕТАР И ПАВЛЕ“

јули 10, 2023
1 минути

По повод Петровден, празникот на Општина Кочани, во состав на програмата на Општина Кочани,  во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, на 11 јули (вторник) во 19 часот ќе биде реализирана тематска изложба со наслов „Св. Петар и Павле“-Петровден 2023, од авторот Влатко Анчов.

Станува збор за втора самостојна изложба на авторот Влатко Анчов, на која авторот инспириран од христијанската религија, сосема умешно во техниката Пирографија на дрво, има претставено многу од ликовите на христијанските светители, икони.

Изложбата ќе биде со продажен карактер, дел од средствата, во соработка со стручните служби на Општина Кочани, задолжени за делот на социјалните права и заштита, ќе бидат наменети за помош на ранливи категории граѓани од Општина Кочани. Освен на денот на отварањето, уметничките дела-икони ќе бидат изложени во текот на еден месец во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, од 7 до 15 часот секој работен ден, каде ќе можат да се погледнат и да се купат.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ