ГРАЃАНИТЕ ПРАШУВААТ „КОИ СЕ НОВИТЕ ГОСТИ“

мај 25, 2023
0 минути

Три фотографии со краток текст само што добивме, а тој ласи:

„Овие луѓе со коњската кола веќе трета ноќ поминуваат овде, овде спијат, вржат нужда каде сакаат и паркот и околината полека ја уништуваат. Првиот ден помисливме дека нешто е во врска, со фестивалот, но веќе трета ноќ како тие спијат на отворено. На сликите што ви ги праќаме се гледа каде се лоцирани па потребно е некој да даде одговор кои се новите гости на Кочани или како и досега масовно ќе се населуваат кој од каде стигне, ќе прават дивоградби кои ќе им се легализираат па потоа ќе уценуваат зошто во овој век уште не им е направена инфраструктурата. Како граѓани апелираме да се легитимираат луѓето и да се види со каква цел се тука бодејќи се нешто вака ненадејно се случува па после сите трчаме да најдеме одговор на прашање кое одамна е поставено. Чекаме одговор преку одговорните служби. Сликите се од денес сабајле а денес е четврток“.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ