Утре (Вторник) со почеток во 16:00 часот се играат натпреварите од 27-то вонредно коло во Втора Фудбалска Лига. „Осогово“ е пред тешко гостување во Неготино, но осоколени по саботната победа и вербата во себе дека со противникот се со сличен квалитет најавуваат освојување на сите три бода. „Вардар“ по серијата добри резултати е во мирни води што е додатна шанса за „жетварите“ да тргнат по победа.
Двојки за 27-то коло:
„Вардар“ (Н) – „Осогово“
„Беса“ – „Охрид“
„Пелистер“ – „Тетекс“
„Аресими“ – „Башкими“
„Скопје“ – „Победа“
„Караорман“ – „Беласица“
„Кожуф“ – „Новаци“
„Детонит Плачковица“ – „Каменица Саса“
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ