По повод празникот 8 Март, вчера Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Полициската станица – Кочани, Општина Кочани и ученици од Медиумскиот клуб „Ким Ко Инфо“ при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани спроведоа празнична акција под мотото „Вози одговорно, честит 8 Март“, со цел подигнување на свеста за важноста на жените во сообраќајот.
Од страна на полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР- Кочани беа запирани автомобили управувани од жени, каде учесниците во акцијата им подаруваа цвеќе каранфил.
Исто така им беше поделен и едукативен материјал за подигање на свесноста и важноста за одговорно управување на моторни возила и учеството во сообраќајот.
Освен на жените возачи, учесниците во вчерашната акција празникот им го честитаа и жените пешаци во сообраќајот.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ