Како што не информираат од ТППЕ (Територијална противпожарна единица) – Кочани поради зголемениот број на возила низ градот и создавањето гужви, тие на повеќе локации во градот распоредиле свои возила.
Целта на ова распоредување е што побргу спречување и реагирање во случај на избувнување на пожари.
Единицата е спремна во секој момент да интервенира.
С. Ивановски