ПО ДВЕ ГОДИНИ ПАУЗА ПОВТОРНО ГОДИНАВА „БАДНИКОВА ПОВОРКА“ НИЗ КОЧАНИ

јануари 6, 2023
0 минути

По две години пауза поради Пандемијата со „Ковид 19“ денес низ улиците во Централното градско подрачје во Кочани а по повод големиот христијански празник Коледе, денот пред Христовото раѓање беше организирана „Бадникова поворка“.

Голем број на дечиња со ѕвездичка во рацете која ја симболизира „Витлемската ѕвезда“ ја пееја песната „Вечниот Бог“ во чија содржина се опишува настанот на раѓањето на спасителот Господ Исус Христос.

По завршувањето на Светата Литургија „Бадниковата поворка“ тргна од Црковниот храм „Св. Вмч. Ѓорги“ па низ улиците „Димитар Влахов“ и „Маршал Тито“ се упатија пред зградата на Општина Кочани каде беа пречекани од Градоначалникот Љупчо Папазов.

Честитајќи им го големиот христијански празник Рождество Христово – Божик градоначалникот на дечињата им подари коледарски пакетчиња заедно со Библијата.

Нека е за многу години.

С. Ивановски