Поради незадоволството од неостварувањето на правото на зголемување на платите на вработените во УЈП за 30% денес вработените од УЈП – Кочани во периодот од 10:00 – 11:30 часот излегоа на предупредувачки протест.
Протестот го образложија како почеток до остварување на нивните права, односно зголемување на платите за 30%, согласно член 66 од Законот за Буџети и неговото автентично толкување од страна на Собранието на РСМ.
Како што истакнаа вработените од УЈП доколку не се постапи согласно нивните барања и не се примени Законот за Буџети протестите ќе продолжат и понатака а истите можат да се радикализираат и да прераснат во штрајк.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ