Заради модернизација на горниот строј на пругата Велес – Кочани, на патниот премин кај „Ветеринарна станица“, во периодот од 13 до 23 мај 2024 год. ќе има времена измена на режимот на сообраќајот на дел од ул. „Лазар Андонов“.
Во овој период правецот за сообраќај ќе биде целосно затворен. Ги известуваме граѓаните да имаат во предвид дека ќе се користи подвозникот на железничката пруга каде што има ограничување на висината за премин на возила.
Се повикуваат сите учесници во сообраќајот да го почитуваат сообраќајниот режим, во интерес на зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ