Продолжуваат натпреварите во Втора Фудбалска Лига. На програмата е третото коло во кое најголемото внимание го привлекува натпреварот во Радовиш во кој се среќаваат две од четирите непоразени екипи во првите две кола.
Во Македонска Каменица домаќинот „Каменица Саса“ кој најавуваше одлична сезона се сопна во првите две кола па за мир во куќата како императив им е освојување на трите бода кое ќе биде со оглед на противникот доста тешка авантура.
„Слога 1934“ која мошне добро стартуваше во првите две кола гостува во Скопје кај екипата на „Пехчево“ (Локомотива) и ќе има многу тешка задача за да го повтори успехот од Велес.
Двојки за 3. коло:
„Каменица Саса“ – „Воска спорт“
„Пехчево“ – „Слога 1934“
„Детонит Плачковица“ – „Вардар“
„Аресими“ – „Пелистер“
„Охрид“ – „Кожуф“
„Борец“ – „Тетекс“
„Караорман“ – „Беласица“
„Беса“ – „Гостивар“
Натпреварите започнуваа во 16:00 часот
С. Ивановски